Македонија

Пензиите за август ќе легнат на сметка од вторник

Од вторник пензионерите ќе може да ги подигнат пензиите за месец август, инфомираа од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Од таму додаваат дека за лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)-За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)

-За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)

-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни