Пензионер од Германија во својот подрум чувал тенк, противавионска пушка и торпедо од Втората светска војна, а адвокатите сега расправаат за тоа како да се справат со него.
Имено, уште во 2015 година оклопно возило „Пантер“ било отстрането од подрумот на куќата на 84-годишниот пензионер во германскиот град Хајкендоф
Но, обвинителите и бранителите сега преговараат за можната казна, која се движи од условна до парична во висина од 500.000 евра казна.
Адвокатот на обвинетиот вели дека американскиот музеј е заинтересиран за купување на „Пантерот“, а многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното воено возило што го користела Германија во војната.
Адвокатот исто така додал дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот поради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли.
Во понеделникот, на судското рочиште во градот Кил, адвокатите се обиделе да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето, а одбраната порача дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантерот“ е купен како отпад и размислува да прифати казна помала од 50.000 евра.
Во месец јули 2015 година, околу 20 војници го извлекуваа „Пантерот“ од имотот девет часа и го префрлија на ниско-преносен натоварувач.
Тамошните власти ја пријавиле содржината во подрумот, на колегите во Берлин, кои претходно извршиле претрес во домот за уметнички дела украдени од нацистите, па судската постапка отпочнала. Следното рочиште е закажано за денеска, додека пак пресудата се очекува следниот месец.
