БУГАРИЈА: Пензионерите кои ќе се вакцинираат ќе добијат по 38 евра

Бугарските власти соопштија дена почнуваат со програма со која на пензионерите ќе им бидат исплатени по 75 лева (38 евра) доколку се вакцинираат во следните месеци. Истата програма овозможува и исплата на таа сума за пензионерите кои се вакцинирани со три дози.

Оваа мерка нема да важи само за оние кои сега ќе се вакцинираат, туку и за сите кои досега се имунизрале. Што значи дека додатокот на пензиите ќе добијат сите лица над 65 години кои веќе го завршиле целосниот циклус на вакцинација, односно имаат добиено и бустер доза. Програмата ќе трае од 1 јануари до 1 јули. Петков смета дека со ова може да се зголеми бројот на вакцинирани за 300 илјади лица.

„Покренавме кампања за да ги отфрлиме сите митови за вакцините. Сепак, нивото на вакцинацијата кај нас е најниско во Европа“, рече Кирил Петков. Тој додаде дека активната информативна кампања ќе продолжи.

Претходно денеска, премиерот ја презеде улогата на новинар и направи повеќе од 40-минутно интервју со неговата советничка за Ковид-19, проф. Ратка Аргирова. Во него таа вели дека поради ниското ниво на вакцинација, Бугарија може да стане гето за Ковид-19, што ќе влијае на туризмот, економијата и можностите за патување.

Поврзани вести

Историчарите повеќе среќа си посакаа следната година

Два дена историчари од Македонија и Бугарија расправаа за отворените прашања меѓу двете земји. Последниот состанок заврши без напредок, а историчарите повторно ќе се сретнат во новата 2022 година.

Крај на преговорите во Бугарија: Потпишан е коалицискиот договор

Вечерва беше потпишан коалициски договор меѓу лидерите на „Продолжуваме со промените“ со БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“.  Документот има околу 140 страници. Ова е најдеталниот коалициски договор во...

ВИДЕО: Како се запали автобусот во Бугарија? Возачи на ЈСП во конвојот, реконструкција на несреќата

Емисијата КОД на Телма телевизија дознава дека меѓу возачите во конвојот на Беса транс биле и двајца вработени во ЈСП Скопје. Во резервоарот на автобусот е најдена сплесканата банкина...

Кирил Петков со оптимистични изјави за решавање на спорот Македонија-Бугарија

Една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија кои ќе опфатат различни области....

Најважното

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се...

Ковачевски и Петков: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“,...

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на...

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044...