Се одложува обврската за пензионерите да вршат интернет регистрација за персонален данок до 2024 година, доколку нивните приходи се само од пензискиот фонд.
„Со новиот закон за личен доход се предвидува во наредните седум години да се одложи обврската за доставување на годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година пензионерите кои не оствариле друг приход освен пензија се ослободени од било каква обврска кон УЈП“, рече Сања Лукаревска, првиот човек на УЈП.
Лукаревска истакна дека до крајот на октомври во електронскиот систем e-personalen danok биле евидентирани 36 илјади граѓани, а до денеска вкупно се пријавени 300.000 корисници. Очекува до крајот на годинава без поголеми проблеми да се заврши обврската, иако вкупно треба да се регистрираат околу 900 илјади даночни обврзници.
