Пензионираната домаќинка (61) од американската сојузна држава Мериленд по трет пат во последните три години добила на лотарија.
Таа неодамна купила два билети од пет долари. Втората што ја „изгреба“ и ја донесе главната награда од 50.000 долари.
Неверојатно е дека жената по трет пат освоила иста сума на пари со лоз купен во иста продавница, изјавиле службениците на лотаријата во Мериленд.
Таа имаше среќа за прв пат играјќи Бонус Кеш во август 2018 година, а во октомври истата година освои уште 50.000 играјќи го Кеш Крејз Даблерот.
„Бев шокирана, едноставно не можев да поверувам дека тоа ми се случува повторно“, им кажала на претставниците на лотаријата.
Откако првичниот шок малку стивна, среќната добитничка се јавила на својата најдобра пријателка со која ја споделила веста.
„Ретко е воопшто да се добие поголема сума пари на лотарија, а камоли три пати… Луѓето играат секој ден и не добиваат ништо“, им кажала добитничката на вработените во лотаријата и открила дека парите ќе ги искористи за да го реновира својот дом.
