Свет

Песков: Русија сака мир, но мора да биде подготвена и за војна

Песков: Русија сака мир, но мора да биде подготвена и за војна

Русија верува дека е клучно во меѓународните односи да се стремиме кон мир и да имаме надеж за позитивни исходи, но во исто време да бидеме подготвени за можни конфликти, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, како што јави рускиот ТАСС, реагираше на изјавите на рускиот амбасадор во Белгија, Денис Гончар, кој предупреди дека НАТО и Европската Унија наводно почнуваат да се подготвуваат за сериозна конфронтација со Русија.

„Секако, мора да сакаме мир, но и да се подготвуваме за војна. Многу е важно секогаш да се подготвуваме за најлошото, а во исто време да се надеваме на најдоброто“, одговори Песков на прашањето дали светот треба да очекува мир или војна.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни