Пет грешки кои фановите ги забележаа во серијата „Squid Game“ – ги приметивте ли?

Серијата „Squid Game“ стана хит во светот, и ја гледаа 111 милиони домаќинства низ планетата, што ја прави најгледаната (серија) на Нетфликс. Многу се зборува за ова достигнување, а фановите открија некои од грешките што беа направени.

Ајде да одиме по ред:

Како што знаете, натпреварувачите аплицираат за игра каде се борат за парична награда, а главните ликови се Сеонг Ги-хун (456), Чо Санг-ву (218), О Ил-нам (001), Канг Се-бјок 067), Абдул Али (199), Јанг Деок-су (101) и Хан Ми-јео (212).

Она што е забележливо е дека бројот на натпреварувачи се менува за време на епизодите. На пример, бројот 061 го носела жена во една сцена, додека во друга ист број носи средовечен маж.

Во седмата епизода, бројот 013 покажува дека тој знае како да разликува калено стакло од лажно во претпоследната игра, што му дава одредена предност во однос на другите.

Фронтменот ги проверува неговите податоци, и таму може да се види дека натпреварувачот под бројот 013 е роден во 1897 година, што значи дека има 124 години.

Во епизодата број 5, полицаецот Хванг Ју-хо решава да дознае се за играта и ги чита сите доверливи документи. Меѓутоа, она што го забележаа гледачите беше дека зборот „TOP SECRET“ (строго доверлив) е погрешно напишан „Top scrert“.

Фановите негодуваа поради фактот што еден херој од оваа серија се бореше повеќе од другите, во втората игра од серијата, која се состоеше од кршење колачиња. Чадорот, прикажан на почетокот на играта, беше со поедноставен облик од оној што му беше даден на Сеонг Ги-хун (456).

Конечно, во последната епизода од серијата, Сеонг Ги-хун (456) се појавува на сцената со мобилен телефон Samsung S7, а кога пристигна на аеродромот има Samsung S3.