Пред пандемијата на коронавирусот, се повеќе луѓе претпочитаа да живеат во град, односно ги напуштаа селата и купуваа станови, но дури сега сфатија која е разликата меѓу урбаниот и руралниот живот.
Па така, во време на пандемијата, се повеќе од нив се вратија на живот во село.
Еве 5 предности на животот во село:
- Животот на село значи свеж воздух секој ден. Тука нема мирис на гас од автомобили, нема депонии или преполни канти за отпадоци.
- Тивок и мирен живот. Додека градот е секогаш бучен и патиштата се натрупани со сообраќаен метеж, животот на село ви нуди тивок и мирен живот, без голем сообраќај.
- Секогаш има празно место за паркирање до домот а тоа, честопати, тешко се постигнува во градот.
- Животот на село ви нуди да одгледувате своја храна која ќе биде свежа и здрава.
- Фантастичното ноќно небо со многу ѕвезди е само „ваше“
