Постои ризик ТНТ, Монструм, Талир, , Топлик и Тендери да се вратат од почеток поради тоа што на поротичката судијка Љилјана Ивановска Кочковска и завршил мандатот. Ова го тврди и правникот Миралем Асани, кој вели дека поради било каква промена во судското тело, предметот ќе се врати на почеток.
„Според Законот за Кривична постапка при секоја промена на судското тело, значи на судиите поротници, на судијата кој ја води постапката заедно со помошните судии, значи било каква промена во судското тело, судењето треба да почне од почеток, односно од нула“, истакна Мирален Асани, правник.
Следното рочиште за случајот ТНТ е закажано на 13 јануари. Но и доколку поротничката Љилјана Ивановска Кочковска се појави на рочиштето, таа нема да одговара кривично. Според Асани, Судскиот совет е единствениот одговорен орган за разрешување на поротник. Тој смета дека Судскиот совет го познава добро Законот за Кривична Постапка и затоа не преземал ништо за разрешување на поротничката, бидејќи е во интерес на државата постапката да продолжи.
„Во конкретниот случај, претседателот на судот треба да го информира Судскиот совет дека ги исполниле условите за пензионирање и Судскиот совет да ги разреши. Додека истите не се разрешени од органот што ги избрал, во конкретниот случај тоа е Судскиот совет или претседателот на судот, тогаш тие продолжуваат со работа додека не се повлечат или разрешат. Тие не можат кривично да одговараат бидејќи тие се избрани од Републичкиот судски совет и имаат мандат до повлекувањето или разрешувањето од Советот и затоа немааТ кривична одговорност бидејќи тој е органот што ги именува и не зависи од нивната волја“, додава Асани.
На седницата на Судскиот совет, која се одржа на 25 декември 2019 година, на дневен ред беше и разгледувањето на мандатот на поротничката, но седницата се одолжи поради тоа што немаше кворум.