Македонија

Петков: Добрососедството меѓу Република Македонија и Бугарија е веќе уште поголем приоритет

Петков: Добрососедството меѓу Република Македонија и Бугарија е веќе уште поголем приоритет

Средбата со Димитар Ковачевски ја оцени како пријателска

„Имавме многу добар и пријателски разговор со Димитар Ковачевски и можам да кажам дека добрососедството меѓу нашите две земји е веќе уште поголем приоритет“, изјави премиерот Кирил Петков по средбата со Димитар Ковачевски.

Тој си постави цел да го мери добрососедството во реални чекори и резултати.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот нов пријател што двајцата сме многу решени да продолжиме со брзината со која се движиме во овој напредок“, додаде Петков.

Тој додаде дека министрите за транспорт на двете земји денеска изјавиле дека линијата Софија-Скопје наскоро ќе биде реалност. Петков се обврзува дека во рок од 30 дена ќе има прецизни и јасни специфики за создавање на пругата, а во рок од 60 дена ќе профункционира.

Премиерот рече и дека ќе има редовни средби меѓу двете влади, а следната ќе биде на 25 јануари кога ќе се сретнат парламентите на двете земји.

Граѓаните на двете земји мора да видат дека добрососедството има политички димензии на ниво на резултати, бизниси кои работат заедно, како и патување од Софија до Скопје“, додаде Петков.

„Северна Македонија и Бугарија се две блиски земји, а Македонците и Бугарите се два блиски и пријателски народи. Се договоривме да започнеме интензивни разговори за брзо да најдеме заедничка иднина“, рече Димитар Ковачевски.

Тој истакна дека и тој и Петков имаат заедничка цел – да создадат услови за подобра иднина за Бугарија и Северна Македонија.

Ковачевски искоментира дека е среќен од посетата на Петков. „Разговорите беа пријателски на двете страни“, рече тој.

По средбата стана јасно и дека петте комисии кои ќе бидат формирани за разговори ќе се состануваат секоја недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни