Со францускиот предлог на Македонија и се гарантира дека откако ќе ги внесе Бугарите во Уставот, ние нема да може да измислуваме нови пречки, вака денеска коментираше премиерот на Бугарија Кирил Петков.
„Првиот чекор за започнување на Северна Македонија пристапни преговори со Европската унија, тоа се нарекува првата меѓувладина седница таа да започне откако тие ќе го променат Уставот, но откако ќе го променат Уставот, Бугарија да не може да ги сопре на патот. А од нивна страна пак им се гарантира дека ние нема да си измислуваме секои шест месеци по еден услов“, рече Петков.
Тој вели дека сега предлогот е во Народното Собрание и тој нема да донесе одлука без истата да помине пред Собранието.