Балкан

Петков не отиде кај Радев за консултации за нов мандат – ГЕРБ и третата партија најавија дека ќе го вратат мандатот

Петков не отиде кај Радев за консултации за нов мандат – ГЕРБ и третата партија најавија дека ќе го вратат мандатот

Премиерот во оставка Кирил Петков во 12 часот иако требаше, не отиде на консултации кај претседателот на државата Румен Радев.

Првичната причина е поради гласањето на буџетот во Народното Собрание.

Инаку, денеска и утре во Бугарија кај претседателот на државата се одржуваат консултации за доделување на мандат за состав на нова Влада откако претходната недела беше изгласана недоверба.

Единствено Кирил Петков најави дека ќе се обиде да формира одновно Влада, додека пак втората по големина политичка партија на која и следува мандатот ГЕРБ-СДС најави дека ќе го врати. Потоа следува претседателот на државата по сопствено убедување мандатот да го додели на трета партија, која пак доколку не успее да фомира Влада, се распишуваат избори.

Рокот за состав на влада е 7 дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни