Македонија

„Петков не се поклони на гробот на Гоце Делчев – тоа е сериозен гаф“

„Петков не се поклони на гробот на Гоце Делчев – тоа е сериозен гаф“

Во вторникот во агендата на бугарската делегација при посетата на Скопје, намерно или случајно изостана важен момент со кој во претходните посети на бугарски државни делегации – поклонувањето на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Соговорници од Бугарија, за тамошните медиуми, прескокнувањето на посетата на грбот на стратегот на македонското револуционерно движење кој зазема посебно место и во бугарската национална историја и за кој историчарите од двете земји се обидуваат на маса да договорат заедничко чествување и соодветни формулации во историските читанки за македонските ученици, го толкуваат како гаф.

-Не знам во овој случај која е полошата опција – нашиот премиер воопшто не слушнал за Гоце Делчев и затоа не успеал да му се поклони на неговиот гроб или да знае кој е Гоце Делчев, но не сметал дека е потребно да му оддаде почит на овој бугарски колос. Во секој случај, ова е сериозен гаф и загрижувачки знак дека проблемот со историјата паднал во ќорсокак, изјави бугарскиот историчар Кирил Илиев во интервју за Днес.бг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни