Македонија

Петков: Во следните 4 месецеи историската комисија ќе има барем три средби

Петков: Во следните 4 месецеи историската комисија ќе има барем три средби

Денеска на прес конференцијата меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков беше посочено дека се интензивира работата на Мешовитата комисија прашања меѓу Скопје и Софија.

„Сакам да забележам дека историската комисија ќе има во следните четири месеци ќе има барем три средби. Многу интензивна работа, ова е многу оптимистички поглед кон заедничките резултати. Од денешните средби се гледа синергијата и предностите за добрососедство“, рече Кирил Петков – премиер на Бугарија.

На крајот од месец декември беше одржана последната средба за 2021 година, кои ништо не договорија, а од македонска страна тогаш информираа дека главните разлики со нивните бугарски колеги се во разбирањето на улогата на историјата со современите општества.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни