Петмина српски туристи се повредени во експлозија на плинска боца во апартман во Аспровалта

Петмина српски туристи, од кои еден е во тешка состојба, се повредени во експлозија на плинска боца во апартман во Аспровалта, во близина на Солун, објави грчка „Прототема“.

Инцидентот се случи денеска околу 15 часот во изнајмен апртман, каде престојувале туристите од Србија.Според очевидци, по улицата одекнал силен звук на експлозија, проследен со извици, а од една од куќите излегувал чад.

Повредените веднаш се извлечени од апартманот.Петмина повредени туристи, меѓу кои и 41-годишен маж со сериозни изгореници се пренесени во блискиот здравствен центар.Лекарите потврдиле дека состојбата на еден од повредените е критична, додека другите се здобиле со лесни повреди и се надвор од животна опасност.

Полицијата ја привела 86-годишната сопственичка на апартманот каде се случи експлозија на плинска боца. Во тек е истрага, со цел да се утврдат точните причини за експлозијата и евентуалната одговорност.