Свет

Петмина загинати во руски напад врз станбена зграда во Николаев

Петмина загинати во руски напад врз станбена зграда во Николаев

Најмалку пет лица загинаа, а неколку се ранети синоќа кога руски проектил погоди станбена зграда во јужниот украински град Миколаев, соопштија локалните власти, цитирани од АФП.

„Како циничен одговор на терористичката држава на нашите успеси на фронтот, таа удри во петкатница која беше целосно уништена“, напиша на Телеграм шефот на регионалната администрација Виталиј Ким, наведувајќи ги прелиминарните бројки за жртви кои подоцна беа поправени на пет загинати и двајца повредени, прецизира БТА.

Првата видео снимка објавена од украинските спасувачки служби покажува зграда поделена на два дела и спасувачите гледаат низ урнатините.

Украина вчера објави дека ја вратила контролата врз десетина села во областа Керсон, од каде Москва потврди дека почнала да ги повлекува своите сили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се ослободени 41 село во регионот Керсон, каде што украинските сили започнаа контраофанзива во октомври.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни