Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, бара дозвола од Собранието, за одржување на нов референдум во земјата. “Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“, е прашањето кое што би било поставено на референдумот што би се одржал доколку се соберат потребните 150 илјади потписи и доколку се објави референдум.
Комисијата за политички систем и правната комисија, констатираа дека иницијативата на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, е уредна. Членовите на оваа собраниска комисија не сакаа да учествуваат на дебатата дали сега е потребен или не нов референдум за името.
За успешна реализација на референдум, потребно е претходно претседателот на Собранието, Талат Џафери писмено да го извести ДИК преку Премиерот. Сега, Тодор Петров, во рок од 3 месеци треба да ги собира потребните потписи. Доколку се собираат тие потписи, Собранието има обврска да објави референдум.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
