Македонија

Петровска со жестока порака до Филипче: „СДСМ не се 5-6 луѓе во централата!“

Петровска со жестока порака до Филипче: „СДСМ не се 5-6 луѓе во централата!“

Славјанка Петровска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати критики кон начинот на кој функционира раководството на СДСМ, нагласувајќи дека партијата не смее да се поистоветува со тесен круг луѓе во централата, туку со целото членство.

Одговарајќи на забелешките дека членовите на иницијативата за промени заборавиле кој им овозможил да се најдат на пратеничките листи и да добијат мандати, Петровска порача дека партијата е многу повеќе од нејзиното актуелно раководство.

„Апсолутно, ама партијата не е раководството и не се тие 5-6 луѓе кои што седат во централата. СДСМ е целото членство“, истакна Петровска.

Таа посочи дека партијата ја сочинуваат и активните членови, но и оние кои со години се занемарени и оддалечени од процесите на одлучување.

Според неа, вистинската сила на една политичка организација произлегува од членството, а не само од луѓето што ги заземаат раководните позиции.

Со ваквата порака, Петровска повторно го отвори прашањето за односот меѓу раководството и членството во СДСМ, оценувајќи дека партијата мора да им даде вистинска улога на своите членови во носењето на клучните одлуки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни