Македонија

Петровска: Утрово ново убиство, Мицкоски се фотографира со Борис Мутков – Фантон кој стои зад вчерашната престрелка

Петровска: Утрово ново убиство, Мицкоски се фотографира со Борис Мутков – Фантон кој стои зад вчерашната престрелка

Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор, вели во објавата на својот фејсбук профил Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана од редовите на СДСМ.

„Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицковски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицковски.

Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“, вели во објавата Петровска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни