Пезети во вредност од 1,6 милијарди евра останале незаменети

Шпанците се уште во своите денови имаат пезети во вредност од 1,6 милијарди евра, по речиси 20 години од откако земјата го претстави еврото како официјална валута, објави Централната банка.

Инаце, тие имаа рок до 30 јуни 2021 година да разменат пезети за евра, доколку истото не го сториле по 1-ви јануари 2002 година, односно откако еврото беше воведено.

Но, два месеци по истекот на рокот, властите проценија дека ширум Шпанија сѐ уште има пезети во банкноти еднакви на 793 милиони евра и монети во вредност од 782 милиони евра.

Овие пари би можеле да го покријат планираното проширување на аеродромот во Мадрид, или пак, деветпати да го исплатат фудбалскиот напаѓач Килијан Мбапе, кого Реал Мадрид сака да го купи од француски ПСЖ.