Пирс Морган потпиша мултинационален договор со „Фокс њуз“

Еден од најконтроверзните британски медиумски личности Пирс Морган неодамна потпиша глобално мултинационален договор со Фокс Њуз и корпорацијата на Руперт Мардок.

Според објавениот договор, Морган треба да води дневна ТВ емисија која што ќе се емитува во Велика Британија, САД и Австралија, а ќе пишува и неделна колумна за британскиот таблоид на Мардок – „Сан“ и американски „Њујорк пост“.

Тој исто така ќе биде автор и на серија криминалистички документарни филмови.

Познатиот водител порано годинава замина од соперничката ТВ-куќа „Ај-ти-ви“, по контроверзните коментари на сметка на Меган Маркл по нејзиното „бомбастично интервју“ кај Опра Винфри.