Македонија

„Планинарењето не е спорт за со патичињата за во теретана!“

„Планинарењето не е спорт за со патичињата за во теретана!“

Планинарката Соња Николовска од Скопје, на својот фејсбук профил, сподели неколку кратки совети за оние кои се вљубеници во планинарењето, откако вчера двајца млади планинари настрадаа при искачување на Титов Врв.

-Другари, планината не е воопшто наивна, не ја потценувајте… планинарењето не е спорт за без соодветна опрема, со патичињата за во теретана, “на планина сум, не ме мисли” е најглупавата лага која ја кажувам на блиските кога одам горе, напротив, баш таму треба да не мислат. Нека почива во мир другарот планинар кој ја изгуби битката со животот под грандиозниот Титов врв. Лесен опоравок на момчето кое скрши две ребра и рака тумбајќи се со четирицикл на Караџица.

Овој временски период е еден од полошите за на планина, влажно, наместа со снежни јазици, непредвидливо…

Иако она “нема лошо време, има лоша опрема” што милуваат да го кажат моите другари од Убај Деца – Ubaj Deca, донекаде држи вода, вели оваа Николовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни