Свет

Планирал да го убие Макрон – Французин со нож избодел свештеник и калуѓерка во Ница

Планирал да го убие Макрон – Французин со нож избодел свештеник и калуѓерка во Ница
Свештеник и калуѓерка се повредени во напад со нож утринава во Ница, објави францускиот весник Фигаро. Напаѓачот е уапсен. Тој спонтано и кажал на полицијата дека сака да го „убие Макрон“ на денот на изборите, но според полициски извор, тој завршил во црква. Инцидентот се случил во црквата Сен Пјер д’Арен во јужниот дел на градот. Околу 10:00 часот, непосредно пред богослужбата, во црквата влегол маж и веднаш се обратил кон свештеникот Кшиштоф Руџински (57) од полско потекло. Го прободел околу 20 пати, главно во пределот на градниот кош. Сестрата Мари-Клод (72) била полесно повредена во раката кога интервенирала за да го разоружа напаѓачот. На двете жртви им била укажана лекарска помош. Нивните животи не се во опасност, според првичните заклучоци на лекарите, објавени од повеќе извори, а подоцна потврдени од министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој се огласи на Твитер. Тој изрази солидарност со парохијаните и им честиташе на полициските сили за брзото апсење на сторителот. Во оваа фаза од истрагата остануваат нејасни мотивите на напаѓачот, уапсен со нож од седум сантиметри. Роден во 1991 година во Фрежус и живее во Ница, Кевин Р. спонтано и кажал на полицијата дека е „од еврејска вера“ и дека сакал да го „убие Макрон“ на денот на изборите, но според полициски извор, тој завршил во црква.. Напаѓачот има биполарно растројство и неодамна бил примен во болница во Ница поради психички проблеми. Тој не е познат на полицијата и разузнавачките служби. Истрагата во моментов ја исклучува верзијата за терористички акт. Но, известено е Националното обвинителство за борба против тероризмот, што е вообичаено во вакви околности. Обвинителот на Ница Ксавиер Бониом излезе на местото на настанот напладне. „Мора да се биде претпазлив“, рече тој на брифингот со новинарите. Областа е опколена од полицијата. Пратеникот Ерик Сиоти, кој исто така излезе на местото на настанот, на Твитер го осуди „страшниот напад врз свештеник и калуѓерка“. Градоначалникот на градот, Кристијан Естрози, исто така, ја изрази својата „поддршка за сите верници во Сен-Пјер-д’Арен“ и посака „брзо закрепнување на отец Кристоф и сестрата Мари-Клод“.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни