Планот на ЕУ за заеднички полнач за смартфони, можно е да стане закон

Планот на Европската унија за усогласувањето на полначите за мобилните телефони и други уреди наскоро треба да биде формално предложен како закон.

Наводно, и покрај протестите и аргументите од страна на компанијата „Епл“ против замислениот законски пропишан стандард за полначи, сепак ЕУ подготвува законска регулатива во врска со ова прашање.

Заедничкиот стандард би го намалил електронскиот отпад, додека пак од компанијата „Епл“ со ова не се согласуваат и тврдат дека тоа би создало повеќе е-отпад.

Според наводите, законите треба да бидат предложени во септември.

Инаку, оваа заложба за заеднички полнач започна пред 13 години, а компаниите тогаш потпишуваа доброволен меморандум за разбирање, согласувајќи се да работат на усогласување на полначите.

Секако, ова не се случи, па затоа ЕУ смета дека доколку е така, ќе мора да го наметнат тоа со закон. Тие веројатно ќе препорачаат УСБ-Ц или УСБ 2.0 микро-Б, што најчесто се користи од другите произведувачи.