Оваа година, „Нетфликс“ ги освои сите вредни статуетки на „Еми“ наградите.
Меѓу нив, највеќе награди освоија британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија.
Овие две ТВ серии земаа по 11 награди.
Серијата „Тед Ласо“ пак, ги собра наградите за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата освои вкупно седум „Еми“ статуетки.
Оливија Колман и Џош О’Конор од популарната серија „Круна“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Тие ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.
За најдобра актерка е прогласена Кејт Винслет, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун“ (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.
