Балкан

Платите во образовниот сектор во Србија од јануари ќе се зголемат

Платите во образовниот сектор во Србија од јануари ќе се зголемат

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ рече дека платите за оние кои работат во образовниот сектор ќе бидат зголемени за 12,5 отсто во јануари, што е „голем чекор со оглед на украинската и енергетската криза“, објави српскиот весник Данас.

Ружиќ во етерот на српската национална ТВ РТС, цитирана од „Данас“, рече дека синдикатите сметаат дека тоа „не е доволно“, но важно е да се сфати дека државата и во претходните години работеше на покачувања во одделни сектори и овој тренд е постојан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни