Ова не е запуштена пустина туку руинираната плажа „Парк“ покрај реката Вардар. Плажата кај Луна Парк е изградена во 2010 година и за неа се дадени 6.3 милиони денари. На песокот има висока трева. Некои од анкетираните граѓани сметаат дека ова зе фрлени пари од граѓаните а други пак сметаат дека градот не смее да го остави местото запуштено.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Град Скопје не ги одржава изградените објекти но и ништо не гради
Од Град Скопје ветуваат дека ќе се среди просторот но не појаснуваат што ќе има на ова место и кога ќе биде средено.
Инаку Град Скопје во 2011 година ја урна плажата која беше поставена по Камениот мост само пет години откако за неа беа издвоени 8,7 милиони денари.
РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА