Македонија

Плоштадот „Скендербег“ запуштен – лифтовите сè уште не функционираат

„Со завршување на изборниот процес што во овие услови оневозможува и измена на планот за јавни набавки. Се разбира дека ние ќе иницираме измени на овој план. Ќе се отвори постапката за јавни набавки и ќе ангажираме економски оператор кој ќе се грижи повторно лифтот и електричните скали да се стават во функција на граѓаните на плоштад Скендербег“, изјави Куштрим Ала – портпарол Општина Чаир.

Ова ветување беше дадено од општина Чаир пред четири месеци, но на плоштадот Скендербег состојбата и натаму е иста. Лифтовите се нефункционални, чадорите скинати, цвеќињата запуштени и оштетени канти за отпадоци.

„Поминаа 4 месеци откако локалните власти од општина Чаир ветија решение за економски оператор за одржување на плоштад Скендербег и лифтовите, меѓутоа сега за сега ништо од тоа“, вели репортерот на ТВ21, Мевљудин Имери.

„Општина Чаир ги презема сите мерки за репарирање на лифтовите на плоштадот Скендербег и истите наскоро ќе бидат ставени во функција. Причината за нивното не –функционирање се честите оштетувања по секое репарирање што претставуваше оптоварување за буџетот ма општина Чаир“, велат од Општина Чаир.

Плоштадот Скендербег е изграден во две фази и чинеше вкупно околу 11 милиони евра. Неговата изградба започна во периодот кога градоначалник на општина Чаир беше Изет Меџити.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни