ПО 30 ГОДИНИ: Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија

Спенсер Елден, односно бебето кое се наоѓа на омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана“, сега ги тужи поради детска порнографија.

Овој албум е издаден пред точно 30 години, во 1991 година, а на фотографијата Спенсер е целосно гол во вода и посегнува по банкнота, односно мамка од еден долар.

Сепак, сега по три децении тој смета дека тоа е силна алузија за детска порнографија и проституција.

„Обвинетите намерно комерцијално го употребија Спенсер во детската порнографија и ја искористија шокантната природа на неговата слика за да се промовираат себеси и нивната музика на негова сметка“, се вели во тужбата, поднесена во Калифорнискиот окружен суд во САД.

Од таму се додава дека обвинетите користеле детска порнографија која го прикажува Спенсер како суштински елемент на шемата за промоција на плочата, која најчесто се користи во музичката индустрија за да привлече внимание, при што корицата на албумот ги поставува децата на сексуално провокативен начин за да добијат озлогласеност, да придонесат за продажбата и да привлечат медиумско внимание и критички погледи.

Тужителот пак бара по 150.000 долари од повеќе претставници на составот „Нирвана“, а притоа, засегната е и Кортни Лав, како наследничка на починатиот Курт Кобејн, но и неколку други негови наследници.

Инаку, иако тој ја изимитирал својата поза за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот, сега посочува дека не добил повеќе од оние 200 долари што ги зеле неговите родители за оригиналната слика.

На последната имитација на сликата од 2016.ѓ година, може да се забележи дека Елден има и тетоважа со насловот на албумот.