По 53 години, убиецот на Кенеди е на слобода

Комисијата за предвремено ослободување дозволи убиецот на американскиот сенатор Роберт Кенеди да излезе од затвор.

Во 1968 година, палестинскиот бегалец Сирхан Сирхан испука четири куршуми кон Кенеди. Тој тврди дека не се сеќава на убиството, но бил противник на сенаторот поради неговата поддршка за Израел.

77-годишниот Палестинец отслужува доживотна казна затвор и досега имал 15 одбивања за помилување. Дури и синот на Роберт Кенеди испрати писмо како негова поддршка.

Роберт е популарен кај Американците, познат по својата борба против мафијата додека беше јавен обвинител. Помладиот брат на претседателот Џон Кенеди, убиен 5 години порано.