По 65 години се затвора сточниот пазар, продавачите револтирани

По 65 години работа, се затвора сточниот пазар во скопско Трубарево. Трговците дојдоа за да ја продаваат својата стока, а кај вратата се соочија со оваа глетка.

Велат дека не ја знаат причината поради која не им се дозволува да влезат внатре. Трговците својата секојдневна работа ја продолжија на пазарот и на тротоарот.

Се вчитува...

„Останавме надвор и немаме никаква информација – зошто сточниот пазар е затворен. Никој не нѐ извести. Овие манипулираат. Велат дека пазарот добил некаква казна, па затоа е затворен.“, изјави продавачот.

Дел од продавачите оптимисти дека пазарот повторно ќе се отвори.

„Велат дека го продале пазарот, додека да ја завршат нивната работа, но сигурно дека повторно ќе се отвори“, додаде продавачот.

Трговците велат дека доколку пазарот не се отвори до следниот вторник, тие повторно ќе излезат на протест и ќе го блокираат патот. ТВ21 се обиде да стапи во контакт со Претпријатието „Скопски пазар“, но од таму не добивме одговор – која е причината за затворањето на сточниот пазар. Побаравме став и од Агенцијата за храна и ветеринарство, но и од таму не сакаа за коментираат ништо на оваа тема.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21