Свет

По бурата Ида: Торнада и поплави во североисточните држави (ВИДЕО)

Невремето „Ида“, кое одзеде животи на 7 лица при преминување во јужниот дел на САД, вчера предизвика неколку торнада и значителни поплави во североисточните држави, пренесе АФП.

Торнадо се формираше во Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд. Во Анаполис, град на околу 50 километри од Вашингтон, овој метеоролошки феномен искорна дрвја и урна неколку електрични столбови. „Ситуацијата е особено опасна. Ве молиме најдете засолниште ако сте во опасна зона од торнадо”, објави Националната метеоролошка служба на Твитер.

Во Њу Џерси, каде што падна пороен дожд, гувернерот Фил Марфи прогласи вонредна состојба. Ураганот Ида, ослабен до тропски циклон, предизвика значителни поплави на источниот брег на Соединетите држави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни