ПО ДОЛГО ВРЕМЕ: Мишо Ковач снима нова песна и спот

80-годишниот пејач Мишо Ковач повторно е снимен во јавноста, но овој пат има новости.

Според „Слободна Далмација“, легендарниот пејач снимал видеоспот на терасата од семејната куќа во Строжанац на хрватското јадранско крајбржје.

„Штом мојата душа оди меѓу ѕвездите, чувај го моето писмо, пиј за мене…“, се слушнал гласот на Мишо на музичката матрица.

Тој бил во друштво на неговата сопруга Лидија.