Македонија

По едно лице од Тетово и Гостивар добија кривични, бидејќи не биле дома иако требало да бидат во изолација

Вчера (5 септември) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 1 лицe од  тетовска Волковија и 1 лице од Гостивар, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не се наоѓале во нивните домови. 

Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни