Пријавата и изјавата за штети, како што додадоа, можат да се побараат во архивата на Општина Берово или да се превземат од општинската веб страна.
Во Берово започна пријавувањето на штета од пожарите. За таа цел од Општина Берово упатија повик до граѓаните кои имаат материјални штети предизвикани од пожарот која ја зафати територијата на Општината во деновите од 06 до 11.08 2021 година да ја пријават штетата на своите култури и добра до Комисијата за проценка на штети на општина Берово.
-Пријавувањето на штета од пожарот пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на општина Берово или може да се преземе од веб страната на berovo.gov.mk. Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите, (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од имотен лист како и копија од договор за закуп, информираат од Општината.
Пријавата и изјавата за штети, како што додадоа, можат да се побараат во архивата на Општина Берово или да се превземат од општинската веб страна.
-Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 03.09.2021 година, додадоа од Општина Берово.
За сите дополнителни информации оштетените ги упатија да се обратат до Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди или на телефоните 033 471 057 или 071 302 664.