Македонија

По кратко боледување почина омилената професорка Симона Палчевска

По кратко боледување почина омилената професорка Симона Палчевска

Прерано замина авторката и професорка од Педагошкиот факултет св.Климент Охридски, Симона Палчевска, која почина на само 51 година, објави Фактор.

Палчевска важеше за врвен професор, обожаван меѓу студентите, а исто така беше соработник и автор во Просветно дело. Таа починала по кратко боледување.

– Со голема тага и неверување ја примивме тажната вест за прераната смрт на нашата долгогодишна авторка, соработничка и голема пријателка проф. Симона Палчевска. Почивај во мир драга наша професорке Сочуството до семејство – стои во објавата посветена на професорката од „Просветно дело“.

Од Палчевска по трагичната вест се простуваа и нејзините пријатели, кои во неверување соподелуваа фотографии и убави зборови за прерано заминатата професорка.

Меѓу нив и професоката Ана Мартиноска, која без криење на емоциите, со многу љубов ја сподели веста за смртта на Палчевска на својот фејсбук профил.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни