Македонија

По најавената блокада: ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар

По најавената блокада: ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар

Откако приватните превозници најавија дека утре своите возила ќе ги паркираат пред централата на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда ги префрли во Транспортниот центар под Железничка, јавува Телма.

Инаку, хаосот со приватните превозници започна пред околу еден месец кога вработени во ЈСП протестираа заради неисплатени плати.

По нив, и приватниот превозник „Макекспрес“ поради долг прекина со работа по што дојде до раскинување на договорот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни