Свет

По операцијата францускиот премиер продолжува да работи

По операцијата францускиот премиер продолжува да работи

Францускиот премиер Мишел Барние беше опериран поради лезија на цервикалниот ’рбет, соопшти денеска неговиот кабинет.

Според извештаите, операцијата, која била извршена за време на викендот, поминала добро и Барние (73) продолжил да работи и денеска, објави Политико.

Резултатите од анализата на лезијата ќе бидат познати за неколку недели, велат од кабинетот.

Барние во четврток ќе ги продолжи активностите во Советот на министри, а денеска разговараше со владината портпаролка Мод Брејон и со министерката задолжена за односи со парламентот Натали Делатре.

Според француските медиуми, хируршката интервенција била планирана неколку недели, а Барние бил следен од лекари пред да ги преземе должностите на премиерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни