Еден од најпознатите рапери Кање Вест конечно го објави својот десетти студиски албум под името „Donda“, по неколку недели одложување.
Toj e достапен на стрим-платфорите, а раперот овој албум го најави пред две години.
Тој, исто така, организираше три големи јавни собири во САД – Атланта, Лас Вегас и Чикаго, каде што гостите можеа да слушнат некои од песните, а помина и извесно време на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, каде што го доврши снимањето.
Објавувањето на албумот беше официјално објавено на Инстаграм неколку часа порано од неговиот менаџер Бу Тијам.
