По расправија употребен и нож во казино во Скопје

На 18.11.2018 година во 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Иван Козаров“ во Скопје дошло до расправија помеѓу А.Ш.(29) од Штип и С.Ц.(23) од Скопје, по што А.Ш. извадил нож и му се заканувал на С.Ц. Веднаш се преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници и А.Ш. е приведен. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: ТВ21