По ратификацијата на договорот од Преспа – до 2024 година ќе мора на секој документ да пишува Република Северна Македонија

Законот за јазиците никако да се објави во Службен Весник. Албанскиот јазик е блокиран од претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој не го потпиша, иако законот беше изгласан воСобрание на 11 јануари 2018 .

Претседателот на Собранието, Талат Џафери претходно неколку пати најави дека Законот за јазиците ќе биде објавен во Службен Весник заедно со Преспанскиот договор.

„Кажав дека двата на време ќе одат во Службен Весник“, изјави Талат Џафери (25.12.2018)

Извори за ТВ21 велат дека Законот за јазиците оваа недела ќе биде објавен во Службен Весник, но до овие моменти собранискиот спикер не се произнесе. Тој денеска не сакаше да зборува на оваа тема.

За непотпишување на законот и по второ гласање, Основното Јавно Обвинителство, почна постапка против претседателот, Ѓорге Иванов, кој ќе биде под истрага за кршење на Уставот.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното