Ѕвонко веќе нема да спие под оревот во шумата откако неговата куќа изгоре до темел во пожарите кои го зафатија село Нов Истевник.
По репортажата на Телевизија 21 и репортерот Јовица Пауноски од село Нов Истевник, доцна вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на наша објава коментираше дека уште утре Ѕвонко ќе добие кров над глава со сите услови и храна.
„Ѕвонко не се обратил до општината ниту до мене како градоначалник. Во текот на утрешниот ден ќе биде сместен и ќе добие кров над глава со сите услови и храна“, коментираше градоначалникот Трајковски.
Тој за ТВ 21 раскажува како го доживеал моментот и како ноќите ги поминува под оревот, недалеку од неговата куќа. Иако по објавата на репортажата доцна синоќа на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски рече дека ќе помогне, останува тежината во грлото за големината на катастрофата.