Македонија

По „шамарот“ од ЕУ: Русија ги кани Северна Македонија и Албанија да се приклучат на Евроазиската Унија

Северна Македонија и Албанија добија покана за членство во Евроазиската Унија, откако двете земји не го добија датумот за почеток на преговорите со ЕУ.

Ова го соопшти рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чизов за време на евроазискиот економски форум во Верона, Италија.

„Јас сум сигурен дека земјите кои се кандидати за членство на ЕУ и во моментов се ставени „под мраз“ од Брисел, ќе наидат на поголемо разбирање во Евроазиската економска Унија“, смета Чизов.

Руската покана на овие две балкански земји да се приклучат на Евроазиската економска Унија доаѓа само неколку дена по негативниот став од Франција двете земји да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни