Македонија

ПО ТРИ ГОДИНИ: Укинат куќниот притвор на Миле Јанакиески

Скопска Апелација до Основниот кривичен суд доставила решение со кое се уважува жалбата на одбраната на екс министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, за укинување на мерката куќен притвор.

Во соопштението објавено на интернет страната на Основниот кривичен суд се наведува:

Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор.

Јанакиески во куќен притвор помина три години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни