Свет

По вчерашниот колапс, криптовалутите „се искачуваат кон небото“

По вчерашниот тотален колапс на пазарот на криптовалути, утрово имаме речиси неочекувана ситуација.

Биткоинот утрово поскапе за повеќе од 10 проценти, односно се искачи на 38.500 долари. Оваа криптовалута практично ги врати сите загуби што ги направи претходниот ден.

И Етереум утрово е во добар плус – 10,5 проценти, кои го натераа да се искачи на вредноста од околу 2.600 долари. Вчера оваа криптовалута беше во минус од речиси 15 проценти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни