Свет

По земјотресот порасна нивото на морето, поплавени улици и објекти во Турција

По земјотресот порасна нивото на морето, поплавени улици и објекти во Турција

По земјотресот, нивото на морето се зголеми во областа Искендерун во Хатај, а патиштата, плоштадите и објектите на крајбрежниот пат се  поплавени.

Зградите и деловните објекти на булеварот се евакуирани поради висината на морските води.

Искендерун е едно од најголемите пристаништа во Турција.

Според одредени информации таму по земјотресот имало и цунами.

Имало и голем пожар како резултат на превртени контејнери на пристаништето од силниот земјотрес.

Турските власти се обидуваат да го изгаснат, но во исто време да ги спасат луѓето кои се под урнатините, а и да ги евакуираат останатите поради од надојдената вода од морето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни