Победниците на „Евровизија“ во нова шокантна кампања

Италијанскиот бенд „Maneskin“ се појави во спот за новата кампања „Гучи“, која слави 100 години постоење.

Ова потврдува дека 2021 година е година на групата „Maneskin“!

По победата на овогодинешната „Евровизија“, музичарите веднаш станаа планетарно популарни, тие веќе соработуваа со многу музичари и брендови, а сега „Гучи“ ги ангажираше.

„Maneskin“ објави видео спот за песната „I wanna be your slave“ кон средината на јули, а „Gucci“ се погрижи за нивниот стајлинг во него.

Познатиот моден бренд одлучи да ја продолжи соработката со италијанскиот бенд, па членовите се најдоа како промо лица во видеото што ја најавува новата кампања.

Видеото е провокативни кадри, па затоа на почетокот има предупредување дека не е наменето за оние кои немаат 18 години.