Breaking И сметките влегуваат во лимитот од 10.000 денари неделно во АЛТА банка, исклучок се обврските кон самата банка
Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Свет

Почина американската новинарка Барбара Волтерс

Почина американската новинарка Барбара Волтерс

Волтерс се приклучи на Еј-Би-Си во 1976 година, откако претходно помина 15 години на телевизијата Ен-Би-Си, каде што беше ко-водител на шоуто Today. Како дел од својата професионална кариера, таа го интервјуираше секој американски претседател од Ричард Никсон, како и многу холивудски ѕвезди и други познати личности.

Во 2001 година, таа стана првата американска новинарка која го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин.

Волтерс е 12-кратен добитник на телевизиската награда Еми. Таа објави дека ја завршува кариерата во 2014 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни