Почина златниот ретривер Бас, чиј сопственик беше ангелот со прекрасен глас – Тоше Проески.
Македонскиот славеј беше голем љуботен на кучињата и со ова куче планираше да оди на разни изложби.
„Денеска Бас замина кај својот сопственик“, стои во објавата на Фејсбук страницата посветена на Тоше.
Под фотографијата на Тоше со кучето Бас, се нижат тажни пораки на неговите фанови, а веста ја пренесуваат многу медиуми во региониот.
Тоше беше голем љубител на кучиња. Покрај Бас тој го имаше и шарпланинецот Гром.
Секој трофеј што Бас го освои по смртта на Тоше беше сместен во неговиот меморијалниот центар.
Македонскиот музичар загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, недалеку од Нова Градишка. Сега ќе имаше 40 години, а роден е на 25 јануари 1981 година во Крушево.
