Почина гитаристот Дејан Божиновски по долга битка со болест.
„Мојот другар, пријател, гитарист, фотограф… ангелска и искрена душа. Живееше за музиката и гитарата, и секогаш се радуваше на секоја свирка која ја имавме заедно. Уживавме во секој момент, а неговата позитивна енергија ја ширеше насекаде. Дејан беше и ќе остане единствен!
Твојата душа го заслужува најубавото место во рајот. Секогаш ќе бидеш присутен во секоја отпеана песна, отсвирен акорд, жива свирка… Почивај во мир, другар. Сочувство до семејството“, напиша Филип Јордановски на својот фејсбук профил.